Побунетите припадници на армијата на Гвинеја во краткото обраќање на државната телевизија изјавија дека го суспендираа Уставот и ја распуштија Владата.
Но, Министерството за одбрана соопшти дека нападот врз претседателската палата е одбиен.
Во близина на претседателската палата во Конакри утрово имаше престрелка, а според неименувани извори зад немирите стои елитната воена единица, предводена од поранешниот француски легионар Мамади Думбија.
На социјалните мрежи се појавија видео-снимки, чија автенточнопст се уште не е потврдена, се гледа како претседателот Алфа Конде е опкружен од припадниците на специјалните воени сили.
Но, гвинејското Министерство за одбрана соопшти дека обидот за бунт е задушен.
– Претседателската стража, поддржана од одбранбените и безбедносните сили го одбиja нападот… продолжуваат безбедносните операции за воспоставување ред и мир, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Во октомври минатата година 83-годишниот Алфа Конде третпат победи на претседателските, кои беа обележани со насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе.