(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку успешните економски мерки обезбеди пад на невработеноста на историски најниско ниво. Денес, стапката на невработеност е на историски најниски 15,9 отсто“, рече Марина Анчевска од СДММ.

„Истовремено, драстично е намалена и младинската невработеност. Денес, таа изнесува 29 отсто, што е многу пониско од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 42 отсто.

СДММ и СДСМ континуирано креираат мерки и можности за младите во нашата држава.

Го поттикнуваме вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, преку неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, а истовремено го унапредуваме и ученичкиот и студентскиот стандард.

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите масовно се иселуваа во потрага по подобар живот.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов пораз од граѓаните“, изјави Марина Анчевска од СДММ.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Михаилоски: Студентите да аплицираат за субвенциониран студентски оброк, крајниот рок е утре

Ана Ололовска