Опел Монза пристигнува на Саемот во Франкфурт

Од:

Германскиот производител на автомобили „Опел“ по речиси три децении од последната верзија на луксуното купе „Монза“ подготвува наследник.

„Ауто Билд“ наведува дека новата „Монза“, со современ дизајн од најновата генерација модели на „Опел“, ќе задржи и некои од карактеристиките на моделот што се произведуваше во седумдесетите и осумдесетите години на дваесетиот век.

Новото купе ќе има погон на задните тркала, со што се исклучува користењето на некои од веќе постоечките платформина компанијата. Се претпоставува дека новата „Монза“ ќе биде врз база на Кадилак ГТС.

Се претпоставува дека Опел од погонски единици ќе ги понуди бензинскиот 2,0 литарски четирицилиндарски мотор од Кадилак АТС со 270 коњски сили и 3,6 литарскиот В6 со 320 коњски сили.

Новата Монза ќе биде претставена на Саемот на автомобили во Франкфурт во септември годинава. Доколуго привлече интересот на јавноста новото купе се очекува да се најде во сериско производство до крајот на 2015 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска