Иако за многу вљубеници во германската автомобилска марка „Порше“ моделот „Кајен“ не е вистинско „Порше“, овој СУВ за 11 години производство привлече 500.000 купувачи и тоа е во моментов најпродаваниот модел на компанијата од Штутгарт.
Кога во 2002 година беше лансиран „Кајенот“, многумина се запрашаа што ќе му е на „Порше“ еден таков автомобил и кој воопшто ќе се одлучи да го купи? Еданаесет години подоцна, се покажа дека одлуката на челниците на компанијата на пазарот да се понуди СУВ возило, од економска гледна точка била целосен погодок.
– Почнавме со 70 единици дневно, а денеска произведуваме пет пати повеќе примероци „Кајен“ во текот на секои 24 часа, вели Оливер Блуме, член на управниот одбор на „Порше“. „Само во текот на 2012 година, пат кон своите сопственици во над 125 земји ширум светот пронајдоа 83.000 модели „Кајен“, наведува Блуме.
„Порше Кајен“ се изработува во фабриката во Лајпциг, а љубилејниот автомобил е бел примерок на моделот „Кајен С Дизел“ што го нарача еден купувач од Австрија. Овој автомобил е опремен со 4.2-литарски В8 мотоор со 382 кс и е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за 5,7 секунди.