Брендот „Cottin Paris“ нуди одговор на прашањето како да го заштитите новиот таблет, Ајпод или Ајфон од прав или гребнатинки. Производителот кој се занимава со прилагодување на разни предмети, креираше декоративни футроли за Ајпад мини. Брендот користел и благородни материјали и драгоцена кожа за да го обложи Ајпадот со целосна елеганција.
Новите додатоци на „Cottin Paris“ се направени со прецизна рачна изработка, во повеќе нијанси кои директно се аплицирани на футроли за да се зачува оригиналниот дизајн и дебелина на Ајпадот.
Новите предмети доаѓаат во повеќе бои и облици. „Dauphine“, во бледо златна боја, чини 4.000 долари, „Coligny“ со матирана црна алуминиумска школка и црна крокодилска кожа чини 3.600 долари и „Mazarine“, со својот силен изглед во сребрена боја со розова крокодилска кожа чини 4.000 долари.
Други бои на „Cottin Paris“ колекција се бела и црвена, длабока махагони и сива кожа на гуштер а цената им е 2.800 долари. нд/11:43