Вилијамс и Алфа Ромео заинтересирани за Албон

Од:

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер објави дека Вилијамс и Алфа Ромео се заинтересирани за нивниот пилот Александар Албон.

– Алекс заслужува место за борбен пилот следната година. Веќе постои интерес за него. Ќе направиме сè што е во наша моќ за тој да може да настапи. Сега, со евентуалното заминување на Расел од Вилијамс и Кими Раиконен во пензија, се отвораат можности за Албон. Вилијамс и Алфа Ромео веќе покажаа интерес за Алекс. Се надевам дека во наредните денови ќе биде појасно околу неговата иднина, изјави Хорнер за „Racefans“.

Албон е резервен пилот на Ред Бул. Претходно тој возеше на трки за тимот во шампионатот во Формула 1, а исто така има настапувано и за тимот на Алфа Таури.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур