Невакцинираните здравствени работници во Грција ќе имаат можност да се вратат на работа доколку се вакцинираат

Од:

Министерството за здравство на Грција, со амандман, им дава можност на невакцинираните здравствени работници регуларно да се вратат на работа доколку ја примат првата доза и со предуслов да ја завршат имунизацијата, наспроти досегашната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и веќе добиено решение за принуден неплатен одмор.

Новиот министер за здравство на Грција Танос Плеврис, соопштувајќи ја одлуката рече дека задолжителната вакцинација за вработените во националниот здравствен систем „беше воведена со цел да се придонесе за заштита на јавното здравје“, но бидејќи немаат намера да казнуваат, го доставуваат конкретниот амандман.

Објасни дека огромното мнозинство здравствени работници „не само што се вакцинираше, туку водеше битка за вакцинација на граѓаните“ и додаде дека законот се спроведува за малиот број невакцинирани, „кои го ставаат во опасност животот на луѓето кои бараат помош од здравствениот систем“.

-Меѓутоа, бидејќи немаме расположение за казнување, со амандманот што го доставуваме, им даваме можност на оние здравствени работници кои отсега ќе се вакцинираат со првата доза, да се укине статусот на суспензија и веднаш да се вратат на работа, под услов да ја завршат вакцинацијата, рече Плеврис.

Во средата стапи во сила одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор.

Вчера, Федерација на вработени во државните болници, одржа мирни протести во Солун и Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција