Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Од:

По само еден ден на училиште, вчера Министерството за образование утврдило 14 позитивни ученици на Ковид – 19. Министерката Мила Царовска вели дека учениците дошле позитивни на училиште и дека, засега, нема случаи на интерна трансмисија во училиштата.

„Во изминатиот ден имавме само 14 позитивни случаи кои немаат интерна трансмисија. Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен и постапуваат согласно протоколите но тоа е, морам да истакнам, 0.01 процент од вкупниот број на ученици во државата затоа што, во моментов, со физичко присуство настава посетуваат повеќе од 233.000 ученици на територијата на државата. Посакувам овој процент да остане во периодот кој ни следи заради тоа што тој е единствениот и најдобар пристап кој што можеме да го употребиме во оваа пандемија со почитување на протоколите. Како Министерство, како локална самоуправа и училишта подготвени сме да го смениме моделот во секој момент “, рече министерката Царовска.

Сите позитивни ученици се од скопските училишта, но министерката не сакаше да каже од кои.

„Податоци кои деца и наставници се позитивни имаат надлежните служби. Јавноста е значајно да знае дека процентот е 0,01, а тоа укажува на стабилност на состојбата. Покажување со прст на школо или ученик нема да донесе добро на никого“, рече министерката Царовска.

Епидемиолошките служби и Државниот санитарен инспекторат постапуваат во сите случаи на ученици позитивни на вирусот. Директорката на Инспекторатот, Иринка Сотирова – Бухова вели дека тие списоците за лицата кои треба да бидат ставени во изолација ги добиваат од Центарот за јавно здравје и како ги добиваат податоците така ги изработуваат решенијата за изолација, без разлика дали се работи за деца или возрасни лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски