Премиерoт на сириските бунтовници Гасан Хито поднесе оставка

Од:

Премиерот на сириските бунтовници Гасан Хито соопшти дека поднесува оставка, без да успее да состави влада, приближно четири месеци откако беше номиниран за функцијата на мартовкста средба во Истанбул, пренесоа француските медиуми.

– Соопштувам дека нема да продолжам со задачата да бидам премиер со обврска да состави преодна влада. Ќе продолжам да работам за интересите на револуцијата, за да може таа да ги постигне сите свои цели со сите можни средства, сооопти Хито.

Неговата оставка доаѓа два дена по номинирањето на Ахмад Аси Џарба на чело на Коалицијата на сириската опозиција, која е главната опозициска формација.

Џарба е сметан за близок до Саудиска Арабија, која се спротивстави на кандидатурата на Хито за време на тешките дебати пред неговото номинирање.

Хито посочи дека одлучил да поднесе оставка, за „да му помогне на новото раководство на Коалицијата да дејствува во зависност од политичката визија, посебно што се однесува до создавањето на преодна влада“.

Хито требаше да состави влада што ќе управува со териториите под контрола на бунтовниците во Сирија.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија