Холандија бара забрана за брза храна

Од:

Властите во пет градови во Холандија се залагаат за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, во ресторани за брза храна во обид да се бори против дебелината, според НЛ Тајмс (NL Times).

Станува збор за Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед. Властите во тие градови испратија писмо до Пол Блокхаис, државен секретар за здравство, благосостојба и спорт, барајќи поголемо овластување, вклучително и намалување на бројот на ресторани за брза храна.

Се наведува дека прашањето за забрана на брза храна во рестораните е тешко, бидејќи градовите имаат мала можност да го намалат бројот во согласност со законот за животна средина.

– Бидејќи ја гледаме храната како индивидуален избор, општините и владите не можат да интервенираат во ова преку закон за животна средина, рече Аника де Рутер, доцент на Универзитетот во Амстердам.

Министерството за здравство, социјална заштита и спорт работи со општините за да помогне да се подобри средината во поглед на храната во регионите. Дел од ова ќе биде проучување на прашањето за доделување дополнителни овластувања на регионите.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина