Американската држава Њујорк прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од ураганот Ида. Вонредната состојба стапи во сила ноќеска.
Проблем прави остаток од ураганот Ида кој поради силните дождови предизвика поплави на улиците и во подземната железница.
Во Њујорк е во сила забрана за патувања и сите возила кои не се на итните служби не смеат да бидат на улица.
Ураганот го погоди централниот дел на источниот, атлантскиот брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.