28 отсто од граѓаните на возраст од 18-39 години примиле барем една доза вакцина

Од:

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани информираат од Министерството за здравство.

Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Во моментов во земјава активни се 14.785 случаи. Најмногу во Скопје – 5802, Тетово – 2004, Гостивар – 1204 и Куманово – 922.

Во Тетово, Гостивар, делумно и во Кичево и Струга врз болниците има најголем притисок. Во Тетово вкупно се хоспитализирани 105 лица од кои дури 104 се на кислородна поддршка, соопшти координаторот во ковид-центарот Гзим Нуредини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски