Новинари му плаќаат стотици илјади долари отштета на сингапурскиот премиер

Од:

Судот во Сингапур им наложи на двајца новинари да му платат отштета од 275.000 долари на премиерот Ли Ксиен Лунг поради наводите во врска со имотната состојба на неговиот покоен татко, долгогодишен лидер и основач на тој град-држава Ли Куан Ју.

Премиерот поднесе тужба против новинарката Рубашини Шунмуганат и уредникот Зу Јуан Чен, поради текстот објавен на интернет страницата „Д онлајн ситизен“ во август 2019 година, во кој се споменуваат несогласувањата во семејството Ли околу тоа што треба да се прави со наследениот имот.

Судот соопшти дека статијата ја нарушува репутацијата и личноста на Ли Ксиен Лунг, но и неговиот углед како премиер.

Зу, кој е Сингапурец, треба да му плати на Ли 156.000 долари, додека на малезиската државјанка Шунмуганат во одделна тужба за истиот текст и е наложено да плати 119.000 долари.

Ли се појави пред судот за случајот во мај, кога рече дека се направени сензационалистички обвинувања, а неговиот портпарол денеска истакна дека премиерот ќе ги донира парите од отштетата во хуманитарни цели.

Некои активисти, вклучително и американската Хјуман рајтс воч (ХРВ), порачуваат дека таквите потези ја задушуваат слободата на говорот и политичката опозиција.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on