(ВИДЕО) Кузеска: Коалицијата предводена од СДСМ расте, следува нова победа за да продолжи развојот на општините

Од:

„СДСМ утврди 69 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Кандидатите се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини, дел од нив ќе ја имаат честа да се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Ова е најдобрата понуда што СДСМ ја нуди за секоја од овие 69 општини каде ќе настапиме со свој кандидат за градоначалник.

Во останатите општини ќе поддржиме кандидат на нашите опозициски партии, но ќе имаме свои советнички листи во сите 80 општини и Град Скопје што нè прави единствена партија која ќе излезе со своја понуда во сите општини.

Со најдобрата кадровска и програмска понуда, СДСМ е фаворит и извесен победник на локалните избори.

Потврда за тоа се бројните релевантни анкети, но и интересот на политички партии кои се приклучуваат кон најголемата и најразнолика коалиција предводена од СДСМ.

Вчера, на Коалицијата предводена од СДСМ се приклучи Странката за демократска акција на Македонија (СДА), предводена од Џелал Хоџиќ, која врз основа на сработеното за бошњачката заедница во изминатите четири години, без дилема донесе одлука да се приклучи во најголемата коалиција.

Коалицијата предводена од СДСМ расте, што е доказ за успешните, одговорни и инклузивни политики што ги спроведуваме, со цел уште подобро да им служиме на граѓаните и државата.

СДСМ и коалицијата одат по нова победа, победа за да продолжи напредокот на општините, да продолжат локалниот и регионален развој, да продолжи унапредувањето на квалитетот на живот во секое населено место.

И во следните четири години, СДСМ ќе продолжи да го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија