„Катимерини“: Посетата на Дендиас на Скопје со цел затоплување на односите со С. Македонија

Од:

Денешната посета на Скопје на министерот за надворешни работи Никос Дендиас, по поканата од неговиот колега Бујар Османи, меѓу другото, има за цел и брзо затоплување на односите со Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Затоплување на односите со Северна Македонија – Дендиас во Скопје“, искусниот новинар коментира дека средбите на шефот на грчката дипломатија се во период кога „Турција се обидува да покаже блага моќ на Западен Балкан“, но и споменува дека истовремено, Меморандумите за соработка со Северна Македонија, се уште чекаат ратификација во грчкиот Парламент.

-Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во последниве денови имаше кратка турнеја во регионот, додека владите на Анкара и Скопје постигнаа договор за соработка во одбраната што предизвика загриженост во Атина. Секако, во исто време, остануваат во грчкиот Парламент протоколите за спроведување на Договорот од Преспа, кои вклучуваат соработка во одбраната, пишува „Катимерини“.

Потсетува дека по членството на Северна Македонија во НАТО, Грција, преку надзорот на воздушниот простор со Ф-16 од грчкото воено воздухопловство, „беше прва земја што брзо се активираше“.

Новинарот, на крајот од текстот додава дека посетата на Дендиас на Скопје е за време на предизборниот период во Северна Македонија за локалните избори во октомври, а „Владата на Заев се соочува со сериозни тешкотии наспроти кандидатите поддржани од националистичката ВМРО-ДПМНЕ“, а премиерот Заев „индиректно, но јасно, промовира добри односи со земјите од ЕУ и НАТО како изборен аргумент“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани