Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северен Авганистан, а засега нема информации за евентуални жртви, соопштија авганистанските власти.
Епицентарот на земјотресот, кој бил почувствуван во Кабул и Исламабад, бил во областа Џарм на планината Хиндукуш, во провинцијата Бадакшан, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања.
Заменик-гуверенерот на Бадакшан, Шамс Ул Рахман изјави дека станува збор за слабо населена област и оти нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Земјотресите често пати ги погодуваат северен Авганистан и Пакистан, особено Хиндукуш, каде често доаѓа до судар меѓу евроазиските и индиските текстонски плочи.
Во земјотресот со интензитет од 7,6 степени, кој го погоди Пакистан во октомври 2005 година загинаа 74 илјади лица, а раселение беа 3,5 милиони.