Повеќе од половина од активните случаи на Ковид-19 во земјава се во Скопје, Тетово и Гостивар

Од:

Во последните 24 часа во земјава беа регистрирани 978 нови случаи на Ковид-19. Починаа 24 пациенти од кои двајца на 39-годишна возраст.

Речиси половина од новодијагностицираните случаи се од Скопје или вкупно 405 по што следува Тетово со 72 нови случаи. Двоцифрен е бројот на нови случаи и во Струмица – 66, Куманово 55, Гостивар 48, Кичево 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17 и Радовиш – 13.

Бројот на активни случаи во земјава достигна 14.127. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 174.667. Оздравени се 154.698 пациенти, а починати 5.842 лица.

Во Скопје во моментов има 5.214 активни случаи. Во Тетово има 2.042, а во Гостивар 1.394. Се поголеми се бројките на заболени и во Струмица каде во моментов има 698 болни, во Кичево 636, во Струга 507, во Охрид 408.

Според последните бројки што ги објави Министерството за здравство за вакцинацијата досега вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.

– Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираше Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски