Во Тетово утре ќе почне да се одржува јубилејното десетто издание на Интернационалниот филмски фестивал во Тетово – ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Свечено отворање ќе има во Центарот за култура со почеток во 20 часот каде ќе се одржуваат сите проекции.
-Интернационалниот филмски фестивал ќе се одржува шест дена од 28 август до 3 септември. Ќе бидат прикажани 13 долгометражни филмови и 40 кратко метражни филмови, информираше Сабедин Селмани од организацијата на фестивалот.
Првата проекција е предвидена за во недела од 20 часот со филмот „Приказна од Приштина“. Во понеделник од 22 часот ќе се прикаже филмот „Човек“ на режисерот Игор Иванов.