Продолжуваат евакуациите од Авганистан по смртоносниот напад

Од:

Евакуацијата на луѓето со авиони од Авганистан продолжи и денеска, еден ден по смртоносниот напад врз цивили и американски војници во близина на аеродромот во Кабул.

САД соопштија дека се очекуваат нови обиди за напад во Кабул во пресрет на 31 август, кога истекува рокот за повлекување на американските сили од Авганистан.

Талибанците, кои ја преземаа власта со сила пред две недели, инсистираат да се запази рокот. Откако талибанците ја презедоа власта, многу земји евакуираа повеќе од 100.000 луѓе од Кабул.

Уште околу 1.000 Американци и десетици илјади Авганистанци чекаат да бидат евакуирани од Авганистан.

Во вчерашниот напад на двајца бомбаши самоубијци и вооружени мажи загинаа десетици Авганистанци и 13 припадници на американската армија, а најмалку 150 луѓе беа повредени.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан