Италија „најостро ги осудува“ бомбашките напади на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, напиша министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на Твитер.
– Ниту еден Италијанец не е повреден во нападите во Кабул … Изразувам сочувство до оние што го загубија животот и мојата солидарност со ранетите. Италија остро ги осудува нападите, напиша Ди Мајо.
Италија продолжува со евакуација на свои државјани од Авганистан со авиони.