Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ги продолжи напорите за евакуација од Авганистан по „варварскиот“ терористички напад на аеродромот во Кабул, во кој во најмалку две експлозии загинаа повеќе лица, вклучително и американски војници.
Џонсон денеска рече дека РАФ веќе им помогнал на „огромно мнозинство подобни лица да избегаат од талибанците“ и додаде дека „ќе продолжиме да одиме нагоре до последен момент“, бидејќи рокот брзо се приближува.
Министерството за одбрана соопшти дека засега нема информации за ранети, ниту жртви меѓу припадниците на војската или владата во Велика Британија.