Петмина војници и голем број бунтовници жртви во судири на Филипини

Од:

Над 100 муслимански герилци презедоа напади врз армијата во јужниот дел од Филипини при што се убиени петмина војници и голем број бунтовници кои сакаат да пропаднат мировните преговори меѓу Владата и најголемата муслиманска бунтовничка група во државата, соопшти армијата.

Судирите почнаа синоќа во околина на градовите Дату Пианг и Шароф Сајдона Мустафа, во провинцијата Минданао.

Армијата денеска жестоко ги гранатира позициите на бунтовниците, јавуваат западни медиуми.

Муслиманските герилци од Бангсаморо фракцијата се дел од Исламски фронт за ослободување на Моро. Бунтовничката фракција ги отфрла преговорите меѓу Исламскиот фронт за ослободување на Моро и Владата и наведуваат дека ќе продолжат да се борат за посебна држава за муслиманите кои ќе го претставуваат малцинството во претежно католички Филипини.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски