(ВИДЕО) Потресни снимки од Кабул: Бомбаш самоубиец се разнесе во близина на аеродромот

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во две експлозии што денеска го потресоа Кабул.

Експлозиите се случија во попладневните часови.

Првата кај портата на аеродромот во главниот град на Авганистан, а другата пред хотелот „Барон“, кој се наоѓа во непосредна близина.

Сопственикот на „Барон“ потврди дека нема настрадани во хотелот, а дека експлозијата се случила пред објектот. Тој додаде дека жали за жртвите во самоубиствениот бомбашки напад.

Неименуван талибански функционер за Ројтерс изјави дека во нападот загинале и деца, додека Пентагон потврди дека меѓу ранетите има и американски војници.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан