Бочварски: Заврши постапката за увид и забелешки во новиот закон за дивоградби

Од:

Поминаа роковите за забелешки и увид на Предлог-законот за постапување со бесправно изградените објекти. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека е завршен рокот за постапката за овој закон, кој беше прикачен на ener.gov.mk.

-Имаа можност сите граѓани, сите засегнати институции, невладини организации да ги дадат своите дополнителни забелешки на овој закон. Ние, во текот на наредните денови во Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаме сите забелешки темелно и веднаш потоа ќе го доставиме законот до Влада, каде што ќе се дискутира дополнително, а веднаш потоа од Влада ќе биде доставен и до Собранието, изјави Бочварски во одговор на прашање при обиколката на социјалната зграда во Пробиштип.

Посочи дека Владата ќе одлучи, кога и како, односно во кој формат, би бил доставен законот за дивоградби, бидејќи, како што рече, овој закон се уште е во работна верзија во Министерството за тарнспорт и врски и сакаат да ги вградат сите важни аспекти, кои се значајни за граѓаните. Бочварски нагласи дека ќе има можност и за дополнителна дебата меѓу пратениците во Собранието, зашто, како што рече, овој закон се носи транспарентно и во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа