Столтенберг: Се зголемува опасноста од терористички напад врз аеродромот во Кабул

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека заканата од терористички напад врз аеродрмот во Кабул се зголемува секој ден.

– Од една страна, ние би сакале да имаме што е можно повеќе време за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа… ако останеме по 31 август, особено ако талибанците не ни дадат барем премолчена согласност, заканата од напади расте, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека во Кабул се одвива една од најголемите операции за евакуација во историјата.

– По повлекувањето на војниците од Авганистан НАТО ќе продолжи со напорите за евакуација со комерцијални летови и ќе бара од талибанците да ги отворат копнени маршрути, наведе Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било