Авганистанските власти соопштија дека во изминатите 24 часа, 14 авганистански војници и 64 припадници на талибанското движење биле убиени во оружени судири и експлозии во целата држава.
Министерството за одбрана соопшти за 10 убиени талибанци за време на операција во провинцијата Вардак, западно од Кабул.
Тројца војници загинале од бомби поставени покрај патишта и артилериски оган во истата провинција.
Уште осуммина војници се убиени во провинцијата Хелманд и четворица во напади во други региони.
Авганистанската армија и полиција кои презедоа операции за безбедност од силите на НАТО во оваа година, загубиле 927 свои припадници во јуни, јавуваат американски медиуми.