24 возачи возеле дури над 50 километри на час над дозволеното во Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 39 возачи од Тетово се санкционирани откако полициски службеници од СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

„Од нив, 24 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот