Карази и Абдула ќе му се приклучат на 12-члениот совет што ќе управува со Авганистан

Од:

Поранешниот авганистански претседател, Хамид Карзаи, шефот на Високиот државен совет за национално помирување, Абдула Абдула, и лидерот на Исламската партија, Гулбудин Хекматијар, ќе му се приклучат на Управниот совет на Авганистан, што талибанците имаат намера да го формираат, јави денеска авганистанската телевизија.

Веднаш откако талибанците влегоа во авганистанскиот главен град Кабул, тројцата политичари формираа координативен совет за мирна транзиција на власта, пренесува руски Тасс.

Тие одржаа серија состаноци со членови на талибанците за формирање на нови владини агенции, вклучувајќи и кабинет што ќе го претставува целото авганистанско општество.

Американскиот магазин „Форин полиси“ во понеделникот јави, повикувајќи се на извори блиски до талибанците, дека „талибанските лидери ќе формираат совет од 12 лица за управување со Авганистан“, во кој ќе бидат вклучени и некои „помеки“ членови од поранешните влади кои уживаа поддршка од САД , бидејќи тие се обидуваат да „формираат администрација што ќе биде прифатлива за меѓународната заедница“.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан