Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор разменија мислења за Авганистан и се согласија да ја зајакнат координацијата во врска со кризата во оваа земја.
Кинескиот претседател ги повика сите страни во Авганистан да изградат отворена и инклузивна политичка рамка, да водат умерена, стабилна политика и да ги прекинат врските со сите терористички групи.
– Кина е подготвена да го зајакне дијалогот за Авганистан со Русија и другите членови на меѓународната заедница, порача Си.
Според кинеската телевизија, рускиот претседател Путин го поддржал предлогот на кинескиот претседател за зајакнување на координацијата во врска со авганистанското прашање.