Сите вакцинирани кои починаа од корона имале хронични заболувања, најмладиот имал 44 години

Од:

Деветте пациенти кои имале примено вакцина, а починале како последица на коронавирусот биле на возраст од 44 до 84 години. Сите примиле две дози на вакцини, а од втората доза имало поминато повеќе од 14 дена. Од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека во системот на ИЈЗ, ниту еден од инфицираните и вакцинирани пациенти кои починаа, не се водат како повторно заразени, што значи дека првпат биле заразени со коронавирусот.

„Починатите пациенти имале хронични заболувања. Тројца од пациентите се од Тетово, тројца од Гостивар, еден пациент од село Лопате, кумановско, еден пациент од Берово, еден пациент од Скопје. Тројца на 69 годишна возраст, по еден на 44, 63, 71,72,76 и 84 години“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Освен овие пациенти кои ја изгубија битката со коронавирусот, а биде вакцинирани, починаа и 92 лица кои не биле имунизирани против вирусот. Статистиката е за период од две седмици.

„Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство“, информираа од Министерството пред една недела.

Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски