Триесетдневен притвор за обљуба на немоќно лице

Од:

Еден кичевец и еден албански државјанин добија триесетдневен притвор поради сомнение дека извршиле обљуба врз немоќно лице.

Според СВР Охрид,  полициската станица од Кичево против Е.К. (28) од Кичево и Е.Т. (19) албански државјанин жител на градот Елбасан, поднесе кривична пријава по што истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

По првичните сознанија на истрагата, двајцата на 3 јули, ноќта,  изршиле полови дејствија врз 28-годишна прилепчанка која имала пречки во развојот. Откако ја внеле во подрумските простории во зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево Е.Т. почнал да ја допира девојката по целото тело, а Е.К. извршел полови дејствија.

Случајот го пријавил полициски службеник кој бил во непосредна близина на зградата и го слушнал плачот на девојката од подрумот.

Девојката е пренесена на преглед во општата болница во Кичево, каде бил извршен преглед.

Притворениот албански државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Пензионер од гевгелиско село силувал 14-годишно дете

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него