Најмалку три лица го загубија животот во голем хаос пред аеродромот во Кабул.
Ова го покажуваат снимките направени од новинарите во саботата, додека илјадници луѓе очајно се обидуваат да избегаат од режимот на талибанците, пренесува хрватски индекс.
На снимките од британската информативна мрежа Sky News се гледа како војници со бело платно покриваат три безживотни тела. Не е јасно како загинале.
Новинарот на Sky News, Стјуарт Ремзи, кој бил на аеродромот, кажа дека луѓето што стоеле пред толпата луѓе биле „згмечени“ и дека лекарите трчале од еден повреден на друг.
Гледајќи ги снимките, може да се процени дека бројот на повредени е голем.
Рамзи рече дека луѓето се „дехидрирани и исплашени“. Неговиот тим ги сними војниците како прскаат луѓе со црево за наводнување, велејќи дека „користат се за да ги освежат“. Со оглед на хаосот што владее на аеродромот, тој оцени дека смртните случаи се „неизбежни“.