Вооружени лица од село во северозападна Нигерија киднапирале повеќе од 75 лица

Од:

Вооружени напаѓачи вчера киднапираа најмалку 75 луѓе од село во северозападна Нигерија, најново во серијата киднапирања во оваа африканска земја.

-Бројот на киднапирани луѓе од Рини е секако поголем од 75, изјави еден од жителите на ова село во северозападната нигериска држава Замфара, пренесоа британските медиуми.

Друг жител додаде дека вооружените напаѓачи, кои дошле во селото со повеќе од 50 мотоцикли, киднапирале над 80 луѓе, претежно деца и најстарите, и го ограбиле нивниот имот.

Портпаролот на полицијата го потврди киднапирањето, но одби да даде повеќе детали.

Нигерија се бори со зголемен број вооружени грабежи и киднапирања заради откуп, главно во северозападните области, каде безбедносните сили често пати не успеваат да ги спречат нападите на киднаперите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он