Над 840.000 „Крајслери“ повикани на вонреден технички преглед

Од:

„Крајслер“ најави дека повлекува над 840.000 автомобили, првенствено во САД, заради недостаток во наслонот од седиштето, како и во воздушните перничиња.

Компанијата, во која 58,5 отсто од сопственичкиот удел го има италијански „ФИАТ“, прецизира дека кај 490.000 возила е можен недостаток во микроконтролорите во активниот наслон за главата, додека на 282.000 автомобили постои можност да се појави проблем во функционирање на воздушните перничиња.

Освен тоа, на околу 69.000 автомобили е можен проблем со софтверот во системот за контрола на стабилноста на возилото, се наведува во соопштение на управата на компанијата.

Претставниците на „Крајслер“ објасниле дека ќе ги повикаат сопствениците на овие автомобили на вонреден сервис, со цел да се почитува протоколот на компанијата за контрола на квалитетот на возилата.

Отповикот ги опфаќа моделите „Крајслер Себринг“, „Крајслер 200“, „Доџ Авенгер„ и „Џип Либерти“ (сите со година на производство 2011-2013.) и „Доџ Нитро“ (2011-2012.).

Најголем број автомобили се повлекуваат во САД, вкупно 712.250 парчиња. Во јуни повик на вонреден сервис за 2,7 милиони возила објави и „Џип“, кој, исто така, делува во рамики на групацијата „ФИАТ-Крајслер“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска