ВИДЕО: Електромагнетен жнеач – уред што создава струја од воздух

Од:

Студентот Денис Цигел од германскиот град Бремен создаде уред што ги пресретнува и акумулира електромагнетните бранови од речиси се што не опкружува, како телефони, фрижидери, кафемати и ги претвора во енергија што ја складира во батерии.

Германскиот студент Денис Цигел создаде уред што буквално „жнее“ струја од воздухот. Уредот е доволно да се доближи до далновод, апарат за кафе, фрижидер, мобилен телефон, па дури и Ви-Фи рутер или некој смартфон.

Акумулираната енегрија ја складира во батерии што се наоѓаат во уредот.

– Опкружени сме со електромагнетни полиња. Создадов уред што едноставно го собира вишокот енергија од овие полиња.

Собраната енергија потоа ја зачувува во обична батерија. Уредот може да собира енергија од мобилни телефони или од кабел за пренесување електрична енергија, изјави Цигел, нагласувајќи дека во зависност од електромагнетното поле може една батерија да наполни за еден еден.

Цигел има создадено два типа на уреди, во зависност од јачината на електромагнетното поле. Помалиот е за собирање електрична енергија од уреди кои емитуваат бранови под 100 херци, додека другиот е поголем и наменет за собирање на енергија од уредите кои работата над оваа фрекфенција.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска