ВИДЕО: Двајца загинати во авионска несреќа кај Сан Франциско

Од:

Две лица загинаа, а околу 180 други се повредени синоќа кога јужнокорејски авион од типот „Боинг-777“ при слетувањето удрил во пистата на аеродромот во Лос Анџелес, по што во леталото избувнал и пожар.

Претставник на јужнокорејската авиокомпанија „Ејжана Ерлајнс“ соопшти дека двјцата загинати при несреќата на нејзиниот авион биле кинески државјани.


Во авионот, што полетал од Сеул, имало вкупно 291 патници и 16 членови на екипажот, меѓу кои и 141 Кинези, 77 Јужнокорејци, 61 Американци, како и државјани на неколку други земји.

Според очевидец, авионот бил премногу ниско при слетувањето, поради што удрил во пистата во моментот кога пилотот се обидел повтроно да го крене во воздухот.

avionsanfrancisko1

При ударот, отпаднала опашката на авионот, а пожарот што избувнал по несреќата предизвикла само делумно оштетување на леталото.

Претставник на здравствените власти во Сан Франциско соопшти дека се хоспитализирани 75 лица од авионот, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

На останатите поврени патници, медицинските екипи им укажале помош на самото место на несреќата или по лекарскиот преглед не биле задржани во болница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија