Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман воведе нови правила. На играчите сега им е дозволено да ја поминат ноќта со своите семејства пред домашните натпревари и наутро да се јават во базата на клубот.
Во претходните години, фудбалерите на баварскиот клуб ноќта пред натпреварите ја поминуваа во хотел.
Како што пишуваат германските медиуми, Нагелсман се обидува да одржува добри односи со играчите уште од првиот ден во Баерн. Тренерот комуницира многу со секој фудбалер индивидуално.