(ВИДЕО) Кривична за Горан Герасимовски за бришењето на „Беби биф“: Ако не го штитеше интересот на трговската марка, како ќе го штити интересот на центарци

Од:

Сопственикот на „Зола компани“, Зоран Лазаревски, ја подготви кривичната пријава против Горан Герасимовски, директор на Државниот завод за индустриска сопственост кој без да почека правосилно решение од Управниот суд, ја избришал националната трговска марка „Беби биф“ за младо јунешко месо. Лазаревски го обжалил на Управен суд решението што го добил од Државниот завод за индустриска сопственост за ништовност на неговата трговска марка, но иако од таму нема никаква одлука, директорот Герасимовски ја избришал трговската марка.

Кривичната пријава против директорот Герасимовски, Лазаревски вели дека е свесен дека ја поднесува во период кој се совпаѓа со изборот на кандидат за градоначалник на Општина Центар во СДСМ, листа на која е директорот Герасимовски.

„Ако тој не го штитеше интересот на националната трговска марка и интересот на Државниот завод за индустриска сопственост, како ќе го штити интересот на граѓаните во Општина Центар?! Донесува брзи одлуки, одлуки за штитење на големи компании, нека му штети, тоа е негов проблем“, вели Лазаревски.

Директорот Герасимовски за „А1он“ минатиот месец изјави дека постапувал законски кога ја избришал трговската марка „Беби биф“ иако „Зола компани“ има жалба на решението во Управен суд. За следната недела најави одговори на прашањата од „А1он“ за кривичната пријава. Повеќе во видеото.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2