СИРИЗА: Ако не беше Договорот од Преспа немаше да постои одбранбена соработка меѓу С. Македонија и Грција

Од:

Ја потсетуваме Владата дека причината што веќе постои договор за одбранбена соработка меѓу Грција и Северна Македонија, како и преземање на нејзината воздушна одбрана од грчки воени авиони, обука на специјалните сили, падобранци и нуркачи, обука за сајбер -одбрана и заеднички вежби на двете земји, е Договорот од Преспа, соопштуваат од грчката партија СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Соопштението доаѓа откако вчера, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на редовниот брифинг со новинарите го коментираше потпишаниот договорот за воена соработка меѓу Северна Македонија и Турција и рече дека во пракса се покажува дека се наивни и површни ставовите дека Договорот од Преспа ќе претставуваше пречка за било каква соработка на Турција со Северна Македонија, додаде дека Грција го следи овој договор, но и спомена дека Скопје и Атина веќе имаат свој одбранбен договор.

-Изјавата на портпаролот на Владата дека Владата го „следи“ Договорот за одбрана Турција- Северна Македонија е недостојна за коментар, во момент кога самата Влада поткопува било каква можност за развој на стратешки односи со Северна Македонија, па такс го остава полето широко отворено за Турција, соопштуваат од СИРИЗА.

Од опозициската партија преку соопштението упатија критики до актуелната грчка Влада дека не е способна да ги брани националните интереси „поради нејзините внатрешни противречности, нешто што се рефлектира во проширувањето на турското влијание во регионот, како што е потврдено со неодамнешниот одбранбен договор на Северна Македонија со Турција“.

Паралелно, уште еднаш упатуваат критики дека Владата сè уште не ги има донесено за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија.

-Впрочем, како може господинот Мицотакис да ги промовира националните интереси во Северна Македонија кога две години не ги носи за ратификација трите договори, под страв од господинот Самарас?, коментираат од СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите