Поради актуелната состојба со Ковид-19 и новите мерки и протоколи за заштита и ширење од вирусот донесени од Владата, Општина Велес преку својата веб-страна информира дека времено ги одложуваат сите настани кои се дел од „Велешко лето 2021“.
Општина Велес на својата веб-страна ја известува јавноста дека поради актуелната состојба со Ковид-19 и новодонесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата,времено се одложуваат Општина Велес .
Воедно, исто така традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021, се одложуваат.
– Сите одложени настани и манифестации ќе се организираат во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови и во формат, соодветен на условите, појаснуваат од службата за информирање на Општина Велес.
Додаваат дека Општина Велес навремено ќе ја извести јавноста за повторно одржување на одложените настани.
Исто така, Општина Велес поради новите мерки синоќа го одложи предвидениот концерт на Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд”, кој беше дел од програмата на „Велешко лето 2021“, а вчеравечер требаше да се одржи на отворена сцена во амфитеатарот на Младинскиот парк.