Младинскиот културен центар ја најавува ликовната изложба на младата уметница Бранкица Јордановска со наслов „Маска или преобразба на изопаченото“, како дел од програмата на фестивалот „Здраво млади“.
Изложбата е составена од серија на графики, цртежи и објекти карактеристични за уметноста на Јордановска, како објекти што ја истражуваат маската како ликовна, формална и шпекулативна фигура.
Изложбата ќе биде поставена во рамките на фестивалскиот простор во паркот зад МКЦ отворена за сите посетители на фестивалот.