Папата Франсис изјави дека Католичката црква треба да изврши структурна обнова во согласност со местото и времето.
Франсис започна кампања за да ја искорени корупцијата и центрите на моќ, наведе „Асошиејтед прес“ и потсети дека папата е избран да ја предводи католичката црква во март оваа година.
Папата кој што е роден во Аргентина, ги охрабри чекорите за обнова на црквата, во текот на денешната миса во Ватикан.
Франсис нагласи дека католиците не треба да се плашат за обновување на некои структури, за да се усогласат со местото, времето и луѓето, но не прецизираше што конкретно треба да се промени.
-Во животот на христијаните, дури и во животот на црквата, постојат стари структури кои треба да се обноват-изјави тој.
Елена Георгиевска