Археолози од Оксфорд веруваат дека ја откриле засега најраната жртва од напад на ајкула на светот. По поподробен преглед, беше откриено дека лузните се многу длабоки и нерамни…
Коските се добиени од Универзитетот на Кјото, Јапонија. Истражувачите Алиса Вајт и професорот Рик Шултинг проучуваат остатоци од човек со трауматски повреди пронајдени во внатрешноста на Јапонско Море. Станува збор за скелет стар најмалку 3.000 години, на којшто истражувачите изброиле барем 790 повреди.
Во својот извештај, истражувачите објаснуваат дека „повредите на жртвата се наоѓаат главно на рацете, нозете и предниот дел на градите и стомакот“. Со елиминирање, отфрлени се сите други видови смрт, освен напад од ајкула.
Конечните заклучоци од испитувањето на примероците ќе станат јасни наредниве месеци.