Саливан: Претседателот Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан

Од:

Претседателот Џо Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан, и посочува дека хаосот шќто се случува по заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“, денеска во утринска емисија на телевизијата Ен-Би-Си изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на Бајден.

-Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додавама назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е спремна да се бори, истакна тој

Тоа било алтернативниот избор со кој Бајден се соочил.

-Ако останавме плус уште една, или уште две години, или уште пет години или уште 10 години, никаква добро спроведена воена обука или квалитетна опрема или потрошени пари или изгубени животи на САД не можеше да ја стави авганистанската армија во позиција да може да ја оддржува таа земја самостојно, истакна Саливан.

Тој рече дека Бајден се соочил со „лош избор“, но дека стои зад изборот што го направи. Призна дека заземањето на Авганистан од талибанците е побрзо од очекуваното и за тоа ја об вини авганистанската армија затоа што немала „волја“.

-Секако дека е изнанадување брзината со која градовите паднаа многу побрзо од очекуваното. На крајот од денот, наспроти факот дека ние потрошивме 20 години и десетици милијарди долари да набавиме најдобра опрема, најдобра обука и најдобри капацитети за авганистанските национални сили за безбедност, не можевме да им ја дадеме вољата и тие на крајот одлучија да не се борат за Кабул и да не се борат за земјата, а тоа отвори врата за талибаниците да влезат во Кабул многу брзо, изјави Саливан подоцна од пред Белата куќа.

Тој стоеше зад оценката на Бајден дека падот на Кабул не бил неизбежен.

-Не беше неизбежен. Имаше капацитет да се дигнат и да се спротистават. Но тој капацитет не се случи.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски