Американците ја преземаат контролата врз хаотичната ситуација на аеродромот во Кабул

Од:

На аеродромот во Кабул владее паника додека очајните Авганистанци се обидуваат да побегнат од земјата откако талибанците вчера го презедоа главниот град, јавија денеска сите светски агенции.

Очевидци наведуваат дека најмалку тројца цивили загинаа на аеродромот обезбеден од американските војници. Не е јасно дали било стрелано во нив или се убиени во стампедо.

По откажувањето на редовните летови на аеродромот се заглавен и стотици странци и Авганистанци. САД и другите земји истовремено се обидуваат да го евакуираат својот персонал и сојузниците.

Додека толпата упадна на пистата, американските војници пукаа во воздух за да ги растераат луѓето кои насилно се обидоа да се качат во авионите.

На повеќе видеа се прикажзни слики како некои од нив очајно се фаќаат за тркалата на авионот што се подготвува за полетување. На друго видео се гледа како човек паѓа од авион што веќе е полетан.

Американски воен претставник за британските медиуми изјави дека САД привремено ги прекинаа сите летови за евакуација додека луѓето не излезат од пистата.

Заменик -советникот за национална безбедност на САД, Џон Финер, изјави дека САД се фокусирани на обезбедување на аеродромот за да може да продолжи евакуацијата на Американците, Авганистанците кои работеле за нив во изминатите 20 години и другите ранливи групи Авганистанци.

Американците испратија дополнителни 6.000 војници во Кабул за да ја забрзаат евакуацијата.

Викендов, претседателот Џо Бајден ја бранеше одлуката за повлекување од Авганистан, велејќи дека не може да го оправда „бесконечното американско присуство во граѓанската војна во друга земја“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија