Шефовите на диплоиматиите на земјите членки на ЕУ утре ќе имаат онлајн средба во Брисел за да ја разгледат новонастанатата ситуација во Авганистан, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел.
Борел изјави дека „првата проценка“ че се направи преку видео конференција и додаде дека Авганистан во моментов се наоѓа „на крстопат“, пренесува бриселски Политико.
-Во прашање е безбедноста и благосостојбата на граѓаните на Авганистан, како и меѓународната безбедност, рече Борел.
Во Брисел денеска попладне ќе се одржи седница на Комитетот за политика и безбедност на ЕУ, во кој учествуваат амбасадори на земјите -членки на ЕУ, и кои ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан.