Хронологија на настаните во Авганистан од 2001 година

Од:

Талибанците, соборени од меѓународната коалиција предводена од САД кон крајот на 2001 година, по брзата офанзива, ја презедоа власта во Авганистан .

7 октомври 2001 година -Помалку од еден месец по терористичките напади на 11 септември во кои загинаа околу 3.000 луѓе, тогашниот американски претседател Џорџ Буш помладиот започна голема воена офанзива во Авганистан, откако талибанскиот режим одби да го екстрадира водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Фундаменталистичкиот талибански режим, кој го водеше Авганистан од 1996 година, го заштити Бин Ладен и неговата организација одговорни за нападите во САД, пренесува Бета.

На 6 декември 2001 година, Талибанците капитулираа. Се формира привремена влада предводена од Хамид Карзаи и меѓународните сили на НАТО пристигнаа во Авганистан.

Карзаи победи во октомври 2004 година на првите претседателски избори со директно право на глас на граѓаните.

Кога американските сили изведоа инвазија на Ирак во 2003 година, вниманието на САД кон Авганистан се намали.

Талибанците и другите исламистички групи се обединија во нивните јужни и источни упоришта во Авганистан, од каде што лесно можеа да стигнат до своите бази во пакистанските племенски области. Талибанците тогаш го почнаа бунтот.

Во 2008 година, Буш одлучи да испрати засилување во Авганистан.

Кон крајот на 2009 година, Барак Обама, избран за претседател на САД, по завршувањето на конфликтот во Ирак и Авганистан, објави испраќање на дополнителни 30.000 војници.

Во средината на 2011 година, повеќе од 150.000 странски војници беа присутни во Авганистан, вклучувајќи 100.000 Американци.

Осама бин Ладен беше убиен на 2 мај 2011 година за време на операцијата на американските специјални сили во Пакистан.

На 22 јуни 2011 година, Обама го објави почетокот на повлекувањето на војската, со заминување на 33.000 војници до летото 2012 година. Првиот контингент го напушти Авганистан во јули 2011 година.

Во јуни 2014 година, Ашраф Гани победи на претседателските избори во Авганистан.

Кон крајот на декември истата година, НАТО соопшти дека ја заврши борбената мисија. Останаа 12.500 странски војници во Авганистан, меѓу кои 9.800 Американци, кои ќе обучуваат авганистански војници и ќе им помогнат во борбата против тероризмот.

Во меѓувреме, талибанскиот бунт се прошири, а во 2015 година стана активна терористичката група Исламска држава.

Во август 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од повлекување на американските војници од Авганистан и испрати дополнителен број војници. И покрај распоредувањето на нови американски војници, нападите на бунтовниците се засилија кон средината на ноември.

Ашраф Гани беше прогласен за победник на претседателските избори на 18 февруари 2020 година, со 50,64 проценти од гласовите, додека изборите се одржаа под сомнение за манипулација и со голема воздржаност на гласачите.

Главниот ривал на Гани, Абдула Абдула, исто така, прогласи победа. Во мај истата година, двајцата потпишаа договор за поделба на власта, Гани останува на функцијата, а Абдула ја презеде водечката улога во мировните преговори со Талибанците.

САД потпишаа историски договор со Талибанците во Доха на 29 февруари 2020 година, кој предвидуваше повлекување на сите странски војници до 1 мај 2021 година, во замена за гаранции за безбедност и почеток на директни преговори меѓу бунтовниците и властите во Кабул.

Тие преговори започнаа во септември, но се зголеми и насилството во Авганистан.

На 1 мај 2021 година, САД и НАТО објавувија почеток на повлекување на 9.500 војници на Алијансата, вклучувајќи 2.500 американски војници.

Жестоки борби меѓу Талибанците и владините сили избија во регионот Хелманд на југ. Во средината на мај, Американците се повлекоа од воздухопловната база Кандахар.

На 2 јули американските војници и НАТО ја вратија воздухопловната база Баграм, центар на коалициските операции лоцирана на 50 километри северно од Кабул, на авганистанската армија.

Американскиот претседател Џо Бајден на 8 јули рече дека повлекувањето на американските сили ќе „заврши на 31 август“.

На 6 август, Талибанците го зазедоа Заранџ, провинциски главен град во југозападниот дел на Авганистан. Два дена подоцна тие го освоија големиот град Кундуз.

Вашингтон и Лондон на 12 август соопштија дека испраќаат неколку илјади војници во Кабул за да ги евакуираат дипломатите и граѓаните.

Следниот ден, Талибанците го зазедоа главниот град на провинцијата Логар, на само 50 километри јужно од Кабул, откако го зазедоа Лашкар Гах, главниот град на Хелманд и Кандахар, вториот по големина град во земјата.

На 14 август, Талибанците го зазедоа Мазар-и-Шариф, последниот голем град на север, кој се уште е под контрола на владата.

Еден ден подоцна, Талибанците влегоа во главниот град Кабул и ја презедоа претседателската палата без борба откако претседателот Гани ја напушти земјата.

Падот на Кабул создаде паника, при што неколку илјадници жители се обидоа да побегнат. Многумина отидоа на аеродромот, каде западните земји организираат евакуација на нивните граѓани.

Американското знаме беше повлечено од американската амбасада во Кабул утрово на 16 август. Аеродромот го обезбедува американската војска. Вашингтон и неговите сојузници ги повикуваат Талибанците да не ги спречуваат граѓаните кои сакаат да заминат.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан