Вакцинирани над 65 проценти од вработените во скопските градинки

Од:

Зависно од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките.

-Бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со директорките на скопските градинки во пресрет на почнувањето на новата училишна година, кога се очекува зголемен бројот на дечиња во градинките.

– Во јаслените групи до две години бројот на дечиња е 15, а на групите од две до шест години изнесува 20. Согласно епидемиолошката состојба, така и ќе ги креираме протоколите, односно ќе преземаме мерки за намалување или за евентуално опуштање на бројките. Заради годишните одмори само околу 8 300 дечиња се присутни во градинките, а протоколот дозволува сместување на 25 600 дечиња, рече Шахпаска.

Министерката информираше дека на состанокот со директорките е разговарано за подготовката на градинките за почетокот на идната школска година и нивното зголемено присуство во градинките, доследното почитување на протоколите, за процентот на вакцинирани вработени во градинките и други теми. Најави дека ќе организираат средба преку зум платформата и со другите директори на градинките.

Шахпаска упати апел до невакцинираните вработени во градинките, да се вакцинираат, затоа што, како што рече, нивната одговорност е особено значајна.

– Прво, се грижиме за сопственото здравје, за нашиот имунитет, меѓутоа придонесуваме за чување на јавното, општото здравје со доследно почитување на протоколите на здравствените власти кои што говорат дека пациентите, односно граѓаните кои и покрај вакцинацијата успеале да бидат позитивни на коронавирусот, имаат поблага клинична слика, рече министерката Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски