Талибанските борци кои ја презедоа контролата врз Кабул влегоа и во седиштето на најголемиот телевизиски канал во земјата „Толо њуз“ и се обврзаа дека ќе обезбедат заштита. Според објавата на Твитер, Талибанците влегле во комплексот „Толо њуз“, го заплениле оружјето од обезбедувањето во објектот, обезбедено од владата и се обрвзале дека отсега тие ќе го штитат објектот.
Во моментов на сите телевизиски канали во Авганистан се емитува читање на Куранот или вести за талибанските акции пренесуваат руски медиуми.
Откажано е емитувањето на сите телевизиски програми. Само еден од каналите продолжува да прикажува историски документарни филмови. Претходно, разни забавни програми беа емитувани на авганистанската телевизија во овој период од денот.