Поддршката на Американците за поранешниот консултант на американското разузнавање Едвард Сноуден во изминатите недели е намалена, се вели во резултати од анкета.
Во анкетата на сајтот Хафингтон пост и на ЈуГав, дали Сноуден постапил правилно откако открил за медиуми дека САД шпионирале странска интернет коресподенција, се вели дека 38 отсто анкетирани не ја поддржуваат неговата акција.
Тој има поддршка од 33 отсто анкетирани, додека 29 отсто не се сигурни дали е правилна или неправилна неговата постапка. Пред три недели во иста таква анкета, Сноуден имаше поддршка од 38 отсто.